ксмет (м.)
Ете те, Ило! Роди ме мајко со к'смет — врли ме на патот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И акибет се стори к'смет — („ама не сама", си вели со умот).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Имал к'смет двапати да јаде јаребичко мевце, — и си излезе да види горе што стана со гостите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ако имаат ксмет децата... ја чув како шепоти тетка Рајна, без да мисли дека јас ќе слушнам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Каков е тој „ксмет“ и како не можеше да ме разбере таа наша тетка, што донекаде не исчувала, не сфаќав.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И на пазарот за робје Марко не го сети својот лош к'смет.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Што к'смет имала и таа? Што не си ја скрши ногата кога го мина овој праг?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
АНГЕЛЕ: Одам. Сите, ќе видат, ќе нѐ видат и ќе заминат по некој поарен к'смет. Немој да му сториш нешто лошо на Михајло.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Какви ли ќе беа моите тројца вујковци кои немав ксмет да ги запознаам.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Беше очигледно дека Камилски ќе ја исполни нормата на денот продолжувајќи да ги толкува и останатите заемки севапот, атерот, аирот и ксметот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)