кројка (ж.)
Додека тој пистаел-наратор дреме „обвиткан со својата горделивост дека изградив куќа, речиси, со свои раце и по своја кројка“, ќе почне да го боли „тишината, празнината и самотијата“,а тогаш ќе го напуштат и зборовите и ќе го „насели пустински песок, немост и глува тишина“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога се навестуваше новиот балкански егзил, напуштањето на родното гратче, Мајка често ја прелистуваше, во неа откриваше не само необични кројки на облеки, со секогаш нови преливи на бои, облеки не само за пролетната мода туку и за другите годишни времиња, облеки за деца, накит, мебел, рецепти за јадења за кои на Балканот сигурно ќе недостигаат составните делови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Беше чуен по добрите кројки и особено по прецизниот штеп.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Вистинската слобода отсекогаш била мултиколоритна и повеќе зависи од бојата а не и од кројката на фустаните.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Беше тоа истата боја и кројка како оној кога за првпат ја виде како се симнува од моторот на матурската забава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој се определи за следниве најчести заемки: аршин, најраспространета заемка за означување должина, ширина и височина (62-75 см), (од турски аrşin); ока, мерка за тежина, 1 238 г (од турски okka); чифт, пар, рало (од турски çift); еден, непарен, осамен (од турски tek); ѓутуре, кутурица, нешто земено без мера, на куп, наеднаш (од турски gütüre); карар, мера, умерено (од арапски ḳarār); ајар, мерка на чистотата на златото, а и точно и прецизно регулирање на саатот (од арапски ʿiyār); фира, тоа што се отфрла при мерењето и почесто при изработувањето на нешто, отпадок (од персиски fru); урнек, јурнек, образец, пример, кројка, модел (од турски örnеk) Климент Камилски се чувствуваше осамен на бојното поле со турцизмите кои го напаѓаа од сите страни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)