кроце (прил.)
Доста се поиздиши уште подлабоко: Митра ја фати за раменици, по кроце, полека ја исправи првин да седне, па потоа полека, лека, ја исправи простум и држејќи ја за мишките ја поведе кон горни крај.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И земајќи ја ластегарката, излезе кроце, на прсти.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Некаде горе, некаде високо горе, беа и неколку бели искрички. Ѕвезди. Со нив кроце и трпеливо се поштркуваше цибрината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тоа едно заедничко сознание и кроце но сигурно сменуваше сѐ друго во нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа кроце отвори една мала, ниска дрвена порта, влезе внатре и се распули наоколу.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Кога се стемни, кроце влезе во дворот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Кроце, како кривец кој знае што сторил, Гоце влезе внатре.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Бокалот со вода ѝ ја врати свеста. Ја придрживме за мишки и кроце ја однесовме на креветот во другата соба.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Кога тројцата германски војници се скрија зад кривината, Трајче кроце ја отвори вратата и влезе кај чичко Талета.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога колоната врзана мина покрај Трајче, Ламбе кроце му мрдна на Трајчета со главата и му намигна со окото.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Слушаме стапки што кроце и тихо наближуваат кон вратата и тука застануваат.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ламбе кроце му шепна на увото на Трајчета: - Тебе сигурно нема да те врзат.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Чувствуваме: снагата кроце и наежено ни потреперува.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И кроце по кроце, се крева лисникот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Одиме нога за нога, кроце, како да демнеме арамија, па наеднаш ќе се свртиме и ќе речеме „здрув!“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама, кроце, покроце, почна да ми разминува виулицата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Гледам, кроце по кроце и мене ми се отвора устата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога чекори гази кроце како на високи топуци.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Мајчина душичка
- упатство за чај –
Се пие вудве или насамо
но не претерано често
се зоврива, по правило покриен
во земјени, бронзени или керамички
садови, дома
во таа топла и задимена чајџилница
на прекипнувањето:
преку, отаде, и пред тоа, и потоа;
потпивнувај, загревај се
додека е жежок
додека си желна
шмркај, шмукај (наши сме)
напари се
задржи го колку што можеш подолго
в уста, шлапкај со јазикот
миризливоста, сладоста
и краснописот на длапката
да ги сети-ш;
дотурај пополека, измешај го со лажичката
желба за чај – жалба за младост
секоја планина – своја падина
потсркнувај
чај – Бах
чај – Жар
чајни печива
мед и путер;
чајот не се пие од-нога
пиј кроце, голтка по голтка
г’тка по г’тка
меѓу редови.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)