кров м.
кровен прид.

кров (м.)

Изградив кула од зборови Со златни кровови, Со бели дворови, Изградив кула од зборови Во кулата ширни одаи Во одаи занесите мои, Од виденото и сетеното Од тајното и сокриеното: Една одаја за гревовите, Една одаја за зборовите Третата за стиховите, Во темелите стремежите и надежите, Под нив тагата и прелагата, Најдолу душата и снагата.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ворхол создаде особена митологија собирајќи ги претставниците на њујоршката алтернативна сцена под еден кров.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Потерата на кровот беше макета.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се слушаат мачките како се парат... Таму, многу далеку, врз стаклениот кров...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еден кров бутка друг, шилесто е, повредува, крвари долж светилките, долж улиците во сино, во црвено, во жолто...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Најоригинална затоа што зазеленувањето на ѕидовите и тревнатите кровови биле познати и пред него, но неговата идеја за стебла кои растат од прозорот е без конкуренција во досегашната историја на архитектурата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Би сакал бурата да направи уште поголем џумбуш, крововите да се урнат, пролетта веќе да не се врати, да исчезне нашата куќа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мене ми се допаѓа дека од сите страни до неа се доградени соби и сопчиња, така што ако таа се погледне оддалеку, тогаш се гледаат само крововите, насадени еден на друг, што многу наликува на чинија наполнета со палачинки, или уште подобро, на габи, што растат на дрво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Впрочем, сите кровови се покриени со трска; врбата, дабот и двете јаболкници се навалија врз нив со своите широки крошни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Веднаш смисли: Мачка на кровот / и два жолти мачора / - љубовен проблем! – Ќе му ја кажам на Борјан, ја отвори влезната врата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Тато, доаѓаш ли – го чу Борјан од купатилото, кога го запишуваше 90-тото, за мачката на кровот ... и два жолти ма..., кога Борјан пак го повика, сега потревожно: Побрзај, ми студи, дојди!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Лука Карер знаеше дека нивниот потег е многу ризичен и дека во животна опасност ги вовлекува и семејствата на оние чесни луѓе што прифатија под својот кров да ги примат прогонетите сограѓани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Обожава да се насели и одомаќини во кровот или под декот на секоја пристојна куќа.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
1. Кров над глава. Б: Заокружи го точниот одговор.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Кровот направен од сламени долги нежни стебленца, кои од двете страни се потпираа на еден трупец, на врвот се соединуваа, па така изгледаа како капа на бунарот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На сите им е понудена работа и кров над глава, ама вака им е поубаво.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се ежиш, се кострешиш како мачка на кров.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Утре ќе сакам да трчам до крај на светот. Денес сакам да ставам кров над себе.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)