крми (несв.)
После го крмеше своето немирно срнче и го тешеше да не ги зема толку присрце оние завивања, сѐ додека не се смиреа и не заспиеја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во собата нема подобро место за криење.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Оторбешено седнат на дното на ровот, на сувата, прашлива црвеница, со нозете расчекорено испружени вдолж пред него, Шишман или копаше со петицата или со нокти чепкаше пред себе како некое куче што готви криење на коска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сите веруваат дека ако се криеш сам, ти треба помалку место за криење. А и помалку работи имаш за криење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нема криење, си мислам, нема такво место.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Имено, тука, на Зедница, зиме, кога ќе приклештеа и ќе се одолжеа студените денови, обично во време планина, кога сонцето, низ некој процеп на облици, ќе смогнеше сили да испрати на земјата забести зраци, жителите на Потковицата во специјални корита, издлабени во стеблата од дабови дрва и поткренати на ногари, ја крмеа и ја поеја стоката.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сѐ со криење одам и го барам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Ништо немам за криење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Татко ми и порано претпоставуваше, но сега имаше и конкретни укажувања дека во центарот за борба против козите во градот, била присутна варијантата за можното криење на Чанга во Калето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Можеме да се запрашаме каква улога во сите овие односи играат иронијата, мистификацијата, криењето, вештото манипулирање, деструктивната критика или чистото насладување во илјадагодишното здание на „ученоста“; истото можеме да го кажеме и за двосмисленоста на митската архетипска тема на хермафродитот, присутна во Дишановиот трансвестизам, за Мона Лиза со мустаќи итн.; можеме да се запрашаме дали би било добро да се преиспита извесното уживање во профаноста или, напротив, провоцирањето на публиката третирана како куп „лаици“? okno.mk | Margina #8-9 [1994] 197
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Подобро се сеќаваше на ненормалните неспокојни околности од тоа време: на повремените тревоги поради воздушните напади и на криењето во ходниците на подземната железница, на купиштата урнатини на сите страни, на неразбирливите прогласи излепени по уличните агли, на бандите млади луѓе сите во кошули со иста боја, на огромните редици пред фурните, на повремените престрелки со автоматски пушки во далечината - над сѐ, на фактот дека никогаш немаше доволно храна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беше добро место за криење, кога еднаш ќе стигнеш таму, но стигнувањето до таму беше многу опасно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И, за таа цел, се користат со уште една природна карактеристика на народната уметност, анонимноста, која тие ја злоупотребуваат и ја користат за ужасни цели: за маскирање, за криење во толпата, за стекнување славна, агресивна, естрадна анонимност!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се разбира, не го сторив делото што од мене се бараше, иако уката на Лествичникот за криење на украдени нешта сосем го згрози срцето мое и ми ја извалка душата, со самото тоа што ја слушнав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но тој чудна ука ми кажа, ми ја преподаде уката на криењето тајни а украдени нешта, и јас видов дека срцето негово веќе сосема во пороци зараснало, како нива заборавена од Господа и рака човечка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Ништо не ми е украдено, ниту пак нешто имам за криење, ами дали навистина некој можел да ја гибне пљачката или мене така ми се причинува – не знам!“ рече Едо брезничанецот и пак продолжи на начин на кој како да му даваше време на авторот да се соземе: „Ако бил некој, кој може да е тој и што барал да ми влегува дома!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се пулам низ вас како низ неџефски џам, ефендии! Џабе ви е криењето!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Додуша одвреме-навреме подмочувам настрана, ама сѐ со криење и сѐ врз панталоните.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кармата. Солта. Кој те крми, жедта не ти ја гасне.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не дека животот не познаваше врски како нивната, поентата беше во тоа дека тие беа осудени на неуспех, од прогон од етничките и верските заедници на кои им припаѓаа, до фрустрациите што ги доживуваа ако само малку погледнеа во заедничката иднина, сѐ до постојани криења и сѐ поголемите и подолгите лаги што мораа, и таа и тој, да ги плетат пред блиските, за да можат да се наоѓаат и да ја живеат својата интимна фантазија и својата сѐ пострасна љубов.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)