коџабашија м.

коџабашија (м.)

АРСО: Тогаш, коџабаши, земи уште едни очила, или пријди поблиску да видиш поарно.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: И владиката е сила, ама и коџабашијата...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Тоа е приказна за дечиња, коџабаши, прикажувај ја ти на внучињата твои, а нам ако сакаш една песна да ни испееш, ама весела, бујрум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Најпосле здивна малку кога се сети на Најда Коџабашијата, кој беше човек умен и разбран.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Коџабашијата се фати за очи од глетката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Co два збора го побара и го најде Бахтијар — паша, истегнат под својот „сарај“ од платно, и му ги шепна истите зборови што и коџабашијата во Старавина на бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сега, кога и Толе, како Бешот, им рече на азите и коџабашијата да ги честат офицерите, овие со сета своја сила се фрлија на таа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)