коњушница (ж.)
Кога се стемни, се провре низ прозорчето од коњушницата и го фати патот за дома. Во селото стаса пред закопот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
16 ОД КОЊУШНИЦАТА, во која се сместени падавичарите, тивко, молбено, жалосно, набожно и трепетливо се шири пеење: Црнеј горо, црнеј сестро Заедно да црниме…
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тоа го охрабри, или го насочи, или го поттикна, или просто го подлажа да напише еден драмски текст, од кој театарските уметници толку се изненадија што дури и се намуртија, па одвај се најде некој почетник режисер да го постави на една провинциска сцена, некогашна коњушница на некогашна касарна, што живуркаше со половина душа, одвај собирајќи премиерска публика, а не пак да собере некој денар за авторски хонорар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Хотелот се испразни како коњушница пред трки - поетите беа заминале по попатните градови на пладневни матинеа и средби со читателите пред да се соберат вечерта во главниот град на поетскиот митинг и приемот во чест на Златниот венец.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А тука во бараки и во долги ѕидани магазини и коњушници, црневица од народ.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во бараките и во коњушниците за чемерните, разнебитените, размеѓените и испадените, на сламеник и рогозина има само по четири педи место.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Тоа беа некои магазини и коњушници во кои беа сместени нашите. А погледни на кај полето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)