коњски прид.

коњски (прид.)

Од едната страна беше нацртана детелина со четири лисја, од другата коњска поткова.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Богомолската треска ги опфаќаше преоѓајќи од еден на друг како коњска мува.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пенчо коњски фрка со врелите ноздри.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ненавикнат таа да го гледа, нејзиниот поглед го уплаши, така што моментално ја заврте главата налево, небаре коњска мува го касна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Детето малку заостанува. Би сакало да притрча и да се обеси на коњските узди, да се фрли пред колата. Но не го прави тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Никаквеците не чепкаа од коњските ноздри легенди. Сонуваа монети.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Како и дедо ми: ако треба за стомак, вари: коњски босилок, суви дренки, шипинки, лисја од коприви, пелин...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Уште оддалеку удира смрад на коњски белеги и гнилеж.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бојан за миг успеа да забележи сѐ: висока, русокоса, со коњско опавче, шарена маица, сини панталони, бели патики.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Падна во вода завирена во коњска трага, така што ништо не се чу.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
10. АТОВИТЕ СЕ РИТААТ, МАГАРИЊАТА ТЕГЛАТ - а може и во лаките коњ до коњот да прета, а магарињата по брдата, од змиските легла, за тие коњски кошкања камшици да плетат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Рече само за крв, та каква крв — човечка или биволска, коњска — ништо понатаму не објасни и остана затворен спрема сите негови другари во кулушот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Е, прдни ѝ сега на цевката!“ ќе му речеше и по цел ден го тераше да гаѓа на коњско влакно и да вежба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Јазикот да си го каснеш!” ѝ велеше тој, и секое утро, уште пред да се разбуди таа, Полин излегуваше од дома и шеташе по сите околни места и собираше разни лековити тревки и билки: матарка, лопушка, кофил, калуѓерче, русе, златарка, прешлика, штрково цвеќе, напрсточе, млечарка, кострика, лишарка, кадифче, коњски босилок, чочорка, цволика, кикара, вратика, жалфија, калофер, добричица, царево око, иванчица, вртолумче, лобода, пчелинок, кукавичица, курвиче и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Григор Бакалот ми рече дека тоа се лекува и со коњски измет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И идат некои оси и некои стршни и некои пеперуги и коњски муви. Сѐ тргнало по нас, сѐ бега со нас, кон шумата. Ги оставаат седелата, дувлата, осарниците, дупките и сите идат по нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повторно наѕрев кај кучето, а тоа уште се поштеше од коњски муви, се требеше од болви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така ден за ден, под овие подгниени покриви и меѓу ѕидовите што мирисаат на коњска пот и моч, се топи нејзиното ќеркиче.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние, стотици деца, застанавме крај оградата и, држејќи се за сребрестата жица со остри боцки, го слушавме пробивниот и писклив ту покорен, ту испрекинат, жалосен и молбен глас па Ѓорѓи и бавното суво и едностојно клопотење на тркалата и коњските копита по нерамната калдрма.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе