котира (св. и несв.)
Во овие часови се решава исходот од битките за акциите што тој ден се котираат, односно нудат и купуваат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во споредба со фолклорно-племенската литература на Таџикистан, нѐ теши нашиот соговорник, српскиот егзотичен писател и литерарен херој се котира сосема добро.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Гордо исправената статуа на шмизлата поставена пред некогашното собиралиште на скопските курви ќе дава дополнителен стимул на нашите омладинки во која насока треба да се движат, то ест дека со газ, цицка, две три пијачки и бркање спонзор може високо да котираат во општеството со изгубени вредности.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)