котел м.
котелец м.

котел (м.)

На оганот мајката котелот, ене го клава: вода да стопли за толку саканите капнати јуначки нозе и глава ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во аголот огниште, над огнот обесен котел.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Истребија жените еден котел царевка, уште еден грав; ги сварија во големите латвици, и кога дојдоа сповојничарките, секоја со по двет-три деца, ја исркаа царевката, го макнаа грашокот со топлите булиња и погачи, го поткренаа сите „новиот човек".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Вилка ѝ навеза ли ново кошулче? — ја праша Доста Бојана со која никаде не се делеше, та дури и на Велја сабота навалија двете еден котел, да приперат нешто ситно од децата и да набелат некоја нова нивна кошула, оти утре треба да се излезе на сретсело, а дал господ, тие двете се „брези магарици" и сите витолишки во нив ќе гледаат, а особено нивните деца: како се облечени и наружани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Може не е за верување: поп-Паун го затворил в котле и го закопал под црковниот праг. А прагот тежок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Горе, кај забелите, тој се наведнал над котлето - лока ли, лока.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Носи котел со тригодишно вино и бела погача просечена на среде со црковен крст.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Откако е веков курдисан мајсторите со никого не сакаат да го поделат правото на првата лажица од котлето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Скоро е полноќ. Кафеаната кипи како котел зовриена вода. Виното збриса грижи. Вон останаа и Вчера, и Денеска, и Утре.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе го побараме котлето на покојниот воденичар дедо Велјана.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се втурнаа во општината и зафатија да се растрчуваат низ неа: распослаа по одаите сламишта и ќебиња, наместија во дворот казани за готвење и ја заградија чешмата со лонци и котли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сепак, можеше да се измие, па попладнето стопли вода во котлето, го принесе до огништето дрвеното корито, го разгоре убаво огнот, пронајде во долапчето на ѕидот и малку сапунче, заостанато таму од летото, и се изми за првпат откако беше дојден потемелно, поубаво.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Час разгледуваше наоколу, час погледнуваше во Србина кој чекаше целиот стуткан како да ќе го стават во котел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од ноќвите, од онаа страна до мијалката, извади сомун леб, ѝ го подаде на средната ќерќа, Мара, да им го даде, а таа остана кај мијалката да го оплакне котлето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стави над огништето котленце со вода. Се нагрна со една черга и полека, држејќи се за ѕидот, за да не падне, излезе од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа стави во котлето вода до половина и го закачи на веригата од оџакот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Котлето го остави во мијалката отспротива, од мисурникот извади дрвени лажици, им даде на секого по една в рака.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мулазимот Рифат — ефендија кондиса со педесет души аскер во Брник и немаше ден да не се печеа два три брави, десетици кокошки, стотици јајца, котли со алви, за да се избегнат зулумите од овој катил забит.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само чифчиите и комшиите фрлија по некој и друг котел вода, но и тие се насладуваа на пожарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе