кота (ж.)
Откај Храдчани, врвната кота на градот на Влтава, што ја сечат дваесетина мостови, се гледаат врвлестите црквени кули, кои го парат небото, а една од други пораскошни и поубави.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
2. Во јули месец ја заземаме кота 620.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мораме да се бориме и против длабо кота привлечност која за нас ја има агонијата на капиталот, против инсценацијата на сопствената агонија која што ја приредува капиталот, а во која ние сме вистинските смртници.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На најгорната кота - костени, на најдолната големи камења, чалија со колку прстот боцки и отровни змии меѓу садинакот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Само тој би можел да ги знае тајните коти на пристигнувањето на другиот брег на надежта.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Така беше и кога Италијанците ќе запреа пред нашата куќа крај Езерото, да постават митралез, или некоја одбранбена кота, мајка им проговоруваше на италијански јазик, како Италијанка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во еден период, најчесто ја кажуваше поговорката: Shqipëria nje pëllëmbë e ngriti boten në këmbë! (Албанија, педа земја, сет свет на нозе го крена!) Татко, во тие моменти, ќе ја погледнеше, небаре отсутно ќе се согласеше, во потрага по новата кота на нашиот егзил, а ние, децата, настојувавме во разните фази од животот, вистински да ја протолкуваме Мајкината поговорка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Климент Камилски, според планот, сакаше да го провери живото постоење на централните набележани заемки, како што се покрај чаршијата и еснафот, уште и ќерпичот, сокакот, маалото, капиџикот, калдрмата, кааван-сарајот и други, кои требаа да бидат и коти на прошетката со Татко во стариот дел на градот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)