корзо ср.

корзо (ср.)

Бев убеден дека ќе ја сретнам Луција; свртев од „Вила Зора“ кон мостот, ја поминав рампата на железничката пруга и се најдов на корзото, кај „Епинал“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Купив цигари на првата трафика и се упатив кон корзото, во центарот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„А како ќе го наречеш оној кој ќе си продаде куќа на Корзото за да купи колиба на Анѓелско Езеро?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ако ја приредеше прославата, Иван Степанович, негде долу на корзото, да речеме во Кралска круна, или во некој друг таков локал, никој немаше да размислува за девојкине ниту пак за тоа од каде се парите за прославувањето!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ било како на големите приеми во Кралска Круна на Корзото, но изостанал само големиот сјај, бидејќи во куќата на Рајна Коцева немаше електрика туку само една обична газиена ламба...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа прва ги откри оние наслаги во мене што обично му припаѓаат на сортата копилиња кои деновиве сноват по корзото и по кејот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За нивната љубов долго се зборуваше со занес на корзото и секое момчинско срце од сиромашките сокаци сонуваше за својот офицер од планините како за принц од бајките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Цело скопско корзо знае кој е Геро, само ти не знаеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа се испиша од гимназијата. Докторот дојде да ја зема. Прошетаа една вечер по корзото.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Младоста ја минувате на корзо грицкајќи семки. Не читате ништо потешко од стрипови за гусари.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Изложбената сала, убаво осветлена, гледа право на улица каде што веќе работи корзото.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тука завршува корзото. Натаму купишта земја, искршени бетонски блокови, понастрана градежна механизација.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога судбината ќе ја затвориш во војничка матарка место да ја оставиш во познатата древна волшебна ламба или во глинениот сад скриен во таен дел на домот, зар нема да го очекуваш она што мене ми се случи? - се прашуваше Раде Ич откако заседна во Кралска круна, на штипското Корзо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За набљудувачница во натамошниот свој живот Раде Ич избра една маса во кафената Кралска круна на штипското Корзо, (како што е речено веќе).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стар скопјанец е личност која живеела во шупа или керпич куќарка, чувал гулаби и едина забава му била грицкање семки у скопското корзо и чаламење со шушкавец од Трст.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Одам на корзо. Договорен сум со Костадин да се видиме на едно вино во „Корзо“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тодор веќе беше во „Корзо“ со Костадин, другар му Петар и уште неколку пријатели. Седеа на една маса надвор.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе