координатор (м.)
Рече дека таа идеја ја дала Луција, како култ- координатор на целото училиште и на Партијата, и дека наградите (три: една прва, една втора и една трета, во парична вредност која не беше за потценување), ќе бидат доделени на денот на врачувањето на дипломите, на самиот крај од нашето четиригодишно школување.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Влегувањето на САД во војната на 8 декември 1941 година повторно го актуелизирало прашањето за местото и улогата на координаторот за информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таа беше координатор, надгледувач и оценувач на оние кои работеа според пропишаните методи и правила во Практикумот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)