концентрација ж.

концентрација (ж.)

Не е случајна концентрацијата на многуте светски банки во Франкфурт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таму каде концентрацијата е најголема, ќе цвета чудесната градина на втората стварност.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Изгуби концентрација и желба за учење, сѐ што ќе прочиташе не запеметуваше; чувствуваше главоболки; ја нервираа викањата и гласовите на децата во паркот, ја нервираше секој шум.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ова, се разбира, бара одредена концентрација за држењето на телото, движењето на очите... искалкулирана трезност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се губи концентрацијата, кожата може да стане сува и постојано да ве чеша.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само со легализација на марихуаната би преполовил денешниот број на апсења поради поседување дрога (повеќе од еден милион годишно), што би обезбедило намалување на бројот на полициските акции и концентрација на продажбата на појаки дроги. Ова секако би го пресекло важниот извор на заработувачка на криминалците.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Набрзо наоѓа куфер, го празни од силната облека и почнува со најголема концентрација да ги брои и реди парите во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Под дејството на психоделичните дроги се зголемува и се изострува концентрацијата за одредена задача, способноста за визуализација на проблемите во нивниот најширок контекст, се редуцираат инхибициите, се зголемува енергијата и одлучноста, а сето тоа му е неопходно на уметникот за време на творечкиот процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неспособноста да се објасни на­чинот на кој ќе се ограничи потрошувачката, посебно загрижува поради фактот дека поголемата потрошувачка речиси сигурно би го влошила општественото раслојување што го следи проблемот на наркоманијата и би довела до нејзина концентрација меѓу сиромашните или оние што се на самиот раб од сиромаштвото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги слушаше ветерот и океанот и мојот глас, секогаш со восхитено внимание, со концентрација што скоро ги исклучуваше самите физички тела и ги задржуваше само звуците. Ги затвораше очите за да слуша.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со голема концентрација, мил мој безличен пријателу.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога е во прашање филм каков што прави Хичкок, станува збор за концентрација на вниманието на публиката кон екранот во толкава мера што, на пример, арапските гледачи престануваат да лупат кикирики, Италијаните да ги пушат своите цигари, Французите да ја милуваат својата сосетка, Швеѓаните да водат љубов меѓу два реда фотелји...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таканареченото „ укинување на приватната сопственост“, до кое дојде во средината на векот, значеше всушност концентрација на сопственоста во рацете на уште помал број луѓе отколку порано: но со таа разлика што новите сопственици беа група, наместо маса поединци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подоцна во циркусот научив дека сите циркуски ѕвезди бараат на тренингот, освен учесниците во точката и аѓутантот да нема никој друг, особено не во публиката; редовно се случува да им падне концентрацијата ако има макар и две очи во темнината што ги гледаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како ли се концентрирам, си мислев и му завидував што во Индија имаат специјални учители за концентрација на мисли.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Засега во градот имаме осум мерни места што сама го регистрираат загадувањето и тоа со оглед на концентрациите на чад и сулфур диоксид.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Настапија компликации, неминовни во периодот на транзиција - транзиција... трансформација... дестабилизација... приватизација... изговара Влатко со забавено пулсирање... мислата се кине, концентрацијата попушта, се завиткува во некаков бел превез, нема сила да му се спротистави на сонот, му се предава без отпор - сонот е смирувачки, благотворен, мирислив, мек - небаре е скутот на баба Мирјана...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Црна се чума зададе! Зголемената концентрација на чад!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ја губеше концентрацијата во читањето која, инаку, постојано му беше силна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Јас забележував дека тој не гледаше во екранот со концентрација.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе