конструктор (м.)
Рече дека бил со пет факултети, бил конструктор врвен на моќни ракети!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во својот конструкторски занес не забораваш да ја создадеш палубата Но притоа избираш и зборови, најбрзи зборови зборови со крила, зборови со умеење на птица во одредување на страните на светот Можеби тие треба да бидат едрата што ќе го поведат бродот низ тесните длабоки клисури и покрај подводните ‘рбети на могилите во кои се закопани соништата на отскитаните Одисеи што сега немаат море да се вратат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Даниел повторно стана свесен за себе, како одговорен градител и конструктор и неговиот ум повторно го зграпчи целиот проект.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)