консензус (м.)
Што легализацијата навистина би значела? На поедини поборници на актуелната политика им е многу полесно да го критикуваат отсуството на планот за легализација отколку да ја бранат забраната за уживање на дроги, како отсуството на потполн консензус помеѓу приврзаниците за легализација да ги оправдува лошите последици од војната против дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ова замаглување на разликата помеѓу јавната и приватната област води кон структурна трансформација на јавната сфера од простор за рационална дискусија, дебата и консензус, во подрачје на масовна потрошувачка и администрација од страна на државата и на корпорациите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Комуникативната акција, смета Хабермас, „овозможува зачувување на модерните вредности на општествена рационалност, консензус, еманципација и солидарност, на тој начин поставувајќи ги основите како за општествена критика така и за реконструкција на општеството“.103
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Против еднонасочниот проток на комерцијални информации, како антипод на суштината на јавниот простор како место за дебата и рационален консензус, културните попречувачи меѓу кои се Billboard Liberation Front, Guerrilla Girls и бројни други уметници, обединети околу списанието „Adbusters“, ја користат субверзивната моќ на ситуационистичкиот détournement, „повторната употреба на веќе постоечки уметнички елементи во нов спој“132.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)