конкурентски (прид.)
Во Англија монополистичките сојузи на капиталистите, картелите и трустовите, никнуваат во најголем дел – за разлика од другите земји во кои заштитните царини го олеснуваат картелизирањето – само тогаш кога бројот на главните конкурентски претпријатија се сведува на „некакви две дузини“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Обете групи се во тесна врска меѓу себе, но нивната монополна положба ја застрашуваат, има веќе неколку години, пет непријатели“: 1) исцрпеноста на американските извори на нафта; 2) конкурентската фирма на Манташев во Баку; 3) изворите на нафта во Австрија и 4) во Романија; 5) прекуокеанските извори на нафта, особено во холандските колонии (многу богатите фирми на Самјуел и Шел, сврзани и со англискиот капитал).
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Ова повеќе не е конкурентска борба помеѓу ситни и крупни, технички заостанати и технички напредни претпријатија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Во развиеното конкурентско окружување во современиот пазар само ретките и храбрите непромислено се обидуваат да емитуваат телевизиски или радио спот, да објават печатен оглас, да постават пропагандно пано на автопат, да лансираат нов дизајн на амбалажата - а претходно да не извршат тестирање на креативните решенија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите конкурентски задоволства ќе бидат уништени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А, во овој контекст, би било умесно да ги споменеме и новите одредби коишто, за прв пат, предвидуваат обврска за чување на деловна тајна од страна на работникот (т.н. забрана на „инасајдерство“ – чл. 35, ЗРО/05); како и забрана за конкурентско дејствување, која може да се јави во два вида: како законска забрана (т.н.„конкурентска забрана“ – чл. 36, ЗРО/05) и како договорна забрана (т.н. „конкурентска клаузула“ – чл. 37-39, ЗРО/05); в) договор за дополнително работење кај друг работодавач (т.н. „дополнителна дејност“) – кој, за разлика од претходниот, го склучува работник кој работи со полно, а не со скратено работно време, со друг работодавач.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)