кондензира (св. и несв.)
За мене беше неприфатливо, она што со денови го нарекувавме заминување, или разделба, потоа последна ноќ, или смрт, наеднаш да се преточи или кондензира во тој несоответен термин: часот!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со палецот и показалецот Милан предизвика распрсканата прскалка да се расцути во џиновско утринско славење, кое наскоро се кондензира во млаз, а потоа повторно се расцути во нежен воден прав.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Всушност, тоа беше ноќното студенило, влажниот воздух што во ѕвездената тишина се кондензирал во премаз од слана врз цвеќињата и овошките.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го формираат врвот со тоа што пирамидата се кондензира како нова совршена конституција на постоењето во кое владејачката сила е петтитот елемент или најчистата енергија - Љубовта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)