конак м.
конакува несв.

конак (м.)

Се согласи владиката грчки да го венчава. (весел) И сигурно кога ќе дојде кај мене, ќе одседне на конак. Разбираш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Ајде Бино, ајде Трајче, ајде да го станиме, зерем, ќе го фатит ноќот, а јас стар човек не ќе можам да слезам до конакот! — навалува стариот мудур.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По една две години Стале соѕида и конак. He само свети Илија да има меќан над глава, ами и тој, како негов застапник на земјата, не сакаше да спие во колипката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Пак, не играј си, свети Јованке со оген. Гледај, пак, зборувај, моли селаните да почнат баре со црквата, та конаци може и попосле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Момците го однесоа Бошка во една од одаите на неговиот конак и го оставија таму затворен заедно со неговиот претсмртен страв.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Геро мирно излегол од неговиот конак, но веднаш се сетил каде ја скрил пушката и сета комитска спрема.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Иако имаше време да продолжат барем до кај Соровиќ, тие останаа на втор конак во Битола.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
После, сите по мене да го втасаме Митрета – им ги рече старецот овие зборови и тргна напред, а тие по него. He одеа ни пет минути, застанаа пред една висока затворена порта зад која во дворот крај самото кале се издигаше конакот на кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јас ќе пратам вас во еден убав дома. Во еден сарај, конак.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ти немаш каде да ја примиш. Срце што нема за себе конак, не може да пречека гостин!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа со време уште тие си закопувале во земјата сè што имале од вредност, за да не падне во рацете на оние што ги сменувале во дворците и конаците.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Конакот е целиот искитен со зеленило.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога врволицата дојде пред конакот, валијата, со целата своја величина и достоинственост, се појавува на балконот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На конакот од валијата се вее знамето со полумесечина и ѕвезди.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Добар конак сте нашле - рече Горјан. - Добар, кога поарниот ни го изгореа Германците - му одговори Евто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кокошки, јагниња, прасиња, алви за ручек и вечера, зоб за коњот, сѐ се носеше по конаците каде Толе кондисуваше в село, секогаш: тој, Мише Ќосото и белиот коњ во една куќа, а другите седум другари во друга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На балконот од конакот се појави пристар човек во шарена ноќна облека и навистина му се насмеа на Гузепа и другарите, по кое испушти едно „Buonа mattina, buona mattina signori".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога беше во друго село, требаше некоја да ја замени и Марија и Ќосото, кого почна да го распоредува на конак со другите четници, а не со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само господарската живеалишна зграда, која не личеше на турска кула, извишена, туку повеќе прилегаше на разгранат манастирски конак, на приземје и кат, со визби, чардаци и многу соби, се урна набрзо по распуштањето на колективите, во средината на педесеттите години на веков.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се тргна од пред згуснатоста на дождот. Се најде на чардакот од манастирскиот конак и ја крена иконата кон северното небо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе