коментатор (м.)
Многу коментатори забележаа дека ова е проблематичен поим.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Многумина од оние кои што добиле простор во медиумите како коментатори или претставници на пост-Е генерацијата, се или стари шеесетти-типови (како Фрејзер Кларк) или луѓе кои ја фураат визијата на шеесеттите (како Колин Ангус од Шејмен).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ете! Да не се случеше таа случајна средба помеѓу мене и тој стрип, можеби јас денес ќе бев некаков успешен банкар, или еминентен политички коментатор, или флексибилен деловен човек, па дури и ептен угледен правник (за каков што ме мечтаеше татко ми во своите родителски сништа)...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Оние првите станаа успешни банкари, политички коментатори, флексибилни деловни луѓе, ептен угледни правници...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Поинтересно ми е да сум во улога на коментатор отколку да бидам дел од целата таа игра во која постојано се губи или добива.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Мама седна наспроти татко од страната на телевизорот и воздивна посилно од спортскиот коментатор кој ја известуваше ТВ публиката за поразот на националниот тим во фудбал.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)