комар (м.)
Неговото кафене беше единствено собиралиште, и додека едни пиеја кафе или ракија, други играа комар, а во преградата од десната страна тој ги сечеше четките на селаните или им ги светнуваше еднаш во неделата лицата стругајќи им ја брадата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кажи: нема спас од јазикот
зад секој знак се изплазува
со својата двосмисленост
- жива песок во којашто
(се) гине
со пред-у-мисла
а ние, овоземни, талкаме
по некоја обоготворена смисла
правиме пазар напразно
играме комар
без ќар:
самото правење има своја поетика
- ја насетуваме, не ја именуваме;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сите беа жртви на комарот. Влегуваа со ентузијазам, излегуваа со очај.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Нема чесен комар!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)