колце (ср.)
И вистина, тие колца, бидејќи помеѓу себе се најблиски, имаат некои црти на исток блиски со бугарските и на север со српските колца.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сега се поставува прашањето: кои колца од нашиот синџир наречја ќе се наречат српски, а кои бугарски и врз која основа?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие јазли, т.е. држави, според силата што ја имаа кога се образуваа, си ги разделија меѓу себе сите колца – племиња и наречја на јужнословенскиот етнографски синџир и ги крстија со нивното име. Јазлите како свој центар си го имаа носителот на националното име; со зголемувањето или смалувањето на политичката моќ на носителот на националното име и последново се раширува или се смалува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- На оската ѝ се скрши едно колце. - Ѝ се скрши, ѝ се скрши! - продолжи Горјан. - Мусолини капитулира, а Хитлер остана сам...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
17. ОВЦАТА ШТО СЕ ДЕЛИ ОД БУЛУКОТ ЌЕ ЈА ИЗЕДАТ ВОЛЦИ - и струната откината од цигулката не може да ѕуни, и колата не може да се тркала само на едно колце, само мажот сака да може против жената да се буни...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Колцата ја сечат калта, ја месат, прават плитари. Ја прават подлабока.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Реди: греди, трупчиња, душемиња, колца, коралници, пељушки. И со рацете само мавта, ја турка водата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Морало овој круг да го истераш, да го поминеш. И колцето се врти.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се вртам така колце и си го закривам лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Со вино ќе го платиме“, пеам, а жените ги фаќа некое пијанство, се отвораат во широки кругови: колца, колца на снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама ја прифатив нејзината шега: „Растам“, реков, „ќе дојде колце на тркалце и тебе ќе те надраснам!“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
6. Преградените простории во бараките, некогаш што биле спални, сега беа претворени во ателјеа; со тоа што дрвените легла на катови беа извадени, а на нивно место се отвори простор за долгата тезга со алат, за грнчарско колце на ножен погон и за купот глина во аголот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Откога чу, тој ја заврте еднаш раката со перото во елегантно колце над книга и почна да пишува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
19. Велес, колцето негово Во домот на Рацин А еден ден во нејасата измаглина се подадоа неговите раце од пресушената грутка од изронетата во заборавената темнина Дамнешни кристали растурени по почвата земна Линии складни во воздухот ги обновуваа некогашните форми дури се будеше мемлата од тркалото Со нив почнуваше земјата да се врти околу зборовите изречени во невреме И пладнето повторно ја воспеваше глината што се раѓа во неговите дланки и сите крикови несекнати и дални и кликот небесен и сончевиот оган нараснуваа во благото тесто на ломната материја на надежта Израстуваше од неа зборот во светла преобразба Зрачниот хоризонт пак над чардаците ги прибираше помнењето и смртта со затрчаноста на водите и времето
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Си мислат ќе минат сите вртоглавици, ќе дојде колце на тркалце и пак ќе си се вратат од каде што кинисале само сега како порцулански заб, петка горе десно.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)