колај (прид.)
СПИРО: А, колај работа за тоа. Ќе земев некоја друга.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ти велам, колај работа! Го уловив ли јас него, не го испуштам од раце, па волкави заби да има!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: А, колај работа за тоа, адет е овде. Ама ќе речеш Цигани сме, е, туку и рисјани сме, жими Ристос!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
– Ако имаме касмет да стигнеме до него, колај ќе ја разбистриме сета работа – им велеше попот на другарите -ама не верувам. Не нѐ остава тој пес кадијата; ќе нѐ расипе уште во Прилеп – со право се плашеше попот, знаејќи го свирепиот карактер на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Сечи го ти ова, - му покажа Србин на Шишмана, а самиот тој се поткачи зад една буковица каде што местото беше поткренато и на колај за одмавање.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- А да бегате не се сетивте, - рече тетин Доне. - Можевме ама каде, - рече Србин. - Барем тоа е колај, - рече Шишман.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Ах, - присторе Србин. - Колај е тоа, ама отаде пак Србите ќе не згаштат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ти се лути, велеше, шо му a наметна Ката та, ете, сега му дојде на колај да ти плати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Аман Толе, аман внучко! Кај ќе и најда јас толку пари, та за сакми, колај работа, и три да ти донеса!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Е, лебами, тиа пушки не се земаат со колај — пробрбори друг од трупарите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А тој беше гас и гаќи со преседатељо на општината мислеше дека нему никој ништо не му можи и тој, заедно со овој Војнета наш мене ми ги имаше пуштено партизаните да ме убијат зошто сум бил кмет и сетне со нивни ниспет партизаните ме затворија а и уште да можи нешто најлошо тие мене ќе ми го сторат зашто тие сет вногу лоши луѓе ама и овој партизанскио суд што не ет суд туку суди само накодошени луѓе мене мана не можеше да ми најде и ме ослободи ама Трајко Казиловски и Војне мене дрвата не ми ги имаат заборавено и ако им дојде на колај тие мене пак и најлошото ќе ми го направат“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Марко воздивна:
„Колај работа за умирање, џанам, ама што оној народ од апсаните сургун ќе оди?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Замолчува, небаре наслушкува одговор и одново затропува: За татко ти, колај бива, Едно луле тутун...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)