клунест (прид.)
Виде уште еден убиен - црн, клунест со закопани нокти во килимот прошаран необично со црвени капки и ситни срчи на очила.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Птичјите очи на клунестите лица им солзеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Клунестите птици ја почнуваа својата љубов со првата топлина, високо, на еден простор кон кој човекот само со поглед се движи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколку месеци потоа, кога ќе се погледнел во огледалото забележал оти носот му станува клунест, очите му стануваат сосема тркалезни, вратот му се издолжува, прстите на нозете му канџосуваат, црвенеат и се одвојуваат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)