клетка ж.

клетка (ж.)

Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А оние пак, суштества кои воопшто не знаат за половото општење, туку се размножуваат со делење на клетките се вечни, бесмртни; како: медузите, коралите, сунѓерите и други.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во право е синот кога му вели: Курвинската политика ти е влезена во секоја клетка! и мајката негова кога го колнеше, блуејќи крв, додека тој држеше говори во Сенатот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ѕвездата јасно ми пее дека од иста библиска клетка сме создадени овој век, ова море и јас.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Боледувајќи по Бранка, низ носталгијата на Шумановата соната за виолини во Д-мол, Горчин се предаваше одвнатре, од најдлабоките клетки, на слатката омаеност на сетилата, дозволуваше да го голтне мемливата полноќ, во која на крајот мораше да се удави – занесен, несмирен, неспасен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се стрчавме кон морето и веќе пливавме, меко собирајќи ги и издолжувајќи запоставените клетки на нашите тела.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Клетките на уживателите на хероин се во постојан процес на сушење и повторно растење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можете да слабеете колку што сакате, но мрсните клетки се секогаш тука, чекаат на својот миг за ревитализација. Trash-от е експанзивен, trash-от има упорна душа и пустински навики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И додека канцерозните клетки на „медитациите“ бавно го убиваат пивтиестото месо на (не)стварноста, иднината е само низа на трошни црвоточни денови, а сегашноста полузадушено се превиткува во пајаковата мрежа на минатото, јас останувам да плутам внатре себеси низ правливите патеки на ништото, отсликувајќи ја бескрајната космичка празнина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пулсираше и се набираше, клетка по клетка. Чукаше како жешко срце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Планот на париското метро ја одредува со својот мондријановски скелет, со своите црвени, жолти, плави и црни гранки пространата но сепак омеѓена површина на исфрлените псеудоподии - а тоа стебло е живо дваесет часа на секои дваесет и четири, немирниот хлорофил протекува низ него со точна цел, ту се симнува на Шатле ту се качува на Вожирар а ту преседнува кај Одеон за да продолжи до Ла Мот-Пике, двесте, триста, кој знае колку можности за комбинирање за секоја кодирана и програмирана клетка да може да пристапи кон еден сектор на дрвото и да се промолкне во друг, за да излезе од галеријата Лафает и да остави пакет со пешкири или некаква ламба на некаков трет кат од улицата Геј- Лисак.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сѐ повеќе и повеќе клетки се здружувале и на крајот настанале рибите, па и ние, и сите ние сме од групи на клетки што решиле да се здружат за да си помогнат взаемно. Зарем не е така?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Токму во таа смисла биологот денес зборува за писмо и про-грама во врска со најелементарните процеси на информација во живата клетка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е еднакво на испорака на другиот кој станал совршено непотребен во програмираното управување со животот, бидејќи оди во прилог на автархијата на поединечната клетка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Љубопитната енергија бара постојано освежување, едно ново ѕвонче што ќе ни размрда некоја клетка во свиоците на нашиот инкогнитен мозок.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Буден секогаш, ги држи под контрола сите останати клетки, што со своите задачи одговараат пред него. Тој управува со сѐ.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите клетки, па ни мозочните, не добиваат замена – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Врти се роју умен, вртлогу ти кој си на небо, биди на земја вртилишта, улишта, восочни легла рам-меморија на приземје и кат давам за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет меден збор, афродизијак и медовината капната од небо ти ја давам на серафим налик и на мираз од нечија блага душа и изблик на вечноста ти нудам „гола како кокошкин врат“ за да се собереш, сакана да дојдеш на врв врба во моето гнездо озарено со етер со екстракт од масло со медоносно билје ти нудам енигматични игри крстословки, ребуси пополнување на празнините и сотките осмислување на келиите - безбројните восочни клетки ко минијатурни смрчки
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ повеќе и повеќе, во меката сина здолница и во блузата со боја на пченка, се чинеше како нејзиното тело да набрекнува од таа новоформираа сладост, како да се разлева низ нејзините клетки, онака како што свежиот квасец го набрекнува тестото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе