клатно (ср.)
Само големиот часовник на ѕидот од кујната рамнодушно го клатеше своето клатно лево-десно и чукаше: тика-така, тика-така...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во одајата завладеа штама. Клатното на ѕидниот часовник само се нишаше и правеше: - Тика-така! Тика така-така!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Твоите колкови се лулаа, лулаа како позлатено клатно на ѕиден часовник!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тишината те плашела единствено
кога си била во друштво
со други.
В зори ќе се зари, озарено
лицето на светлината
а ти меланхолично ќе се обидеш
да ги отстраниш флеките на Луната
да се исправиш на нозе
небаре го држиш цврсто во свои раце
универзалното клатно на
рамнотежата
небаре си нашла решение
како да излезеш на крај со
депримираноста
божем ја игнорираш и
ѝ вртиш грб
ама и грбот има
очи !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Заспа цврсто. бела куќа на бел облак, носена од бели птици; бел чад од бел оџак, бела гитара без жици; бела музика од бел ѕид, бел славеј надвор од вид; тик-так нон-стоп часовник ѕиден, отчукува време на живот иден; лево-десно шета едно бело клатно, со бела боја црта на празно бело платно: бели гради на бела жена, легната на бела постела; сето тоа на бело знаме веено од бел призрак, качен на бел рид над кој се спуштил бел облак.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се возбудив кога се потсетив како моите посетители рекоа дека личи на клатно од наопаку поставен ѕиден часовник.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)