клас (м.)

На смртен тој никако веќе не личеше среде оние борбени часој. Под сабјата негова паѓаше Албанец беден - како под српови класој.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
„Август е месец деветстотрета, на нива клас се рони...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
На општото гумно, над селото горе вршалица врши, снопје -класје зрело; есенската угар со трактор се оре, - нов живот се раѓа во моето село!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Жетвар жнее, в поле клас се рони, солнце пече, зрее жито златно, бујна песна, низ полето ѕвони: „Дејди, Јано, дејди мила душо, дал' навезе Гоцевото знаме!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
На излижаниот изгаснат политир на масата лежеа расфрлани тетретки со модри корици - писмените задачи на нашиот клас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Седми и осми клас веќе не постојат. Се откажале мајчините галеничиња од српски, француски, алгебра, историја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ имаат во предвид Германците кои Турците ги викаа Аламани аландарка — скитница, маалуша, покуќеша што шета по куќи алипен — сакат од нога или рака, око итн. ампа — несреќа алтица — парче од ткаенина — крпара амак — будала амле — грижа аргач — ограда за овци во нива ариза — поклон армасување — годеж, посвршување девојка вдовица аро — страшило артирисува — заштедува асло — зелена нива напролет без клас во која пасат јагнињата астретен — оскуден ата — несреќа бабуа — грижи од бабата за новороденото дете басам — не признавам, одречувам тоа ти што го тврдиш баснар — човек што баи, врача бастра — болест по растенијата беане — ивтирија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во први клас се запишиаа сите ученици што завршија лани четврто одделение, меѓу кои прво беше Толето на Бојана Жиовката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иако возрасен, веќе момче на осумнаесет години го примија во први клас и за еден два месеца до 11 мај, денот на Света Кирил и Методија, протутна некако во втори клас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крај топлите класови заспива младиот жнеач...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Над класјето успано летна уплашена птица и малото тело се гушна во нивниот спокоен дах...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А оваа острица режеше како што се реже зрел клас под грло, да шибне сок, бол, збор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако неговото благословено раче засее - и камењарот клас ќе исфрли, ако кон штркот, заштитникот куќен, се прекрсти - еве му внуче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред плисоците, на крај од жолтата суша во која се множеа мешлести бубалчиња што ги ослободуваа покосените и непокосените класја од зрна, по земјата се тркалаа со невидена брзина проѕирни топки електрицитет, ги косеа овците по планините и луѓето по улиците, ги гореа амбарите и ги поцрнуваа куќите, внесуваа во срцата страв и болка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Под нивното распаѓање никогаш веќе не ќе жугне од земја ни клас ни растение.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега чинам Францељ, ти мислеше поинаку кога нѐ веселеше нас: барем уште еднаш со Минца да минете по зрелиот разбушавен клас.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Го заврши со одличен успех третиот клас. Па тоа не е мала наука. Најпосле и сигурна одмена.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тоа што стана, стана... ама другпат да внимаваш. Такви работи да не правиш. Оди си в клас!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе го запишам во четврти клас.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе