кланца (несв.)
Го кланца крај увото и пак го крева кон небото. Го ѕирка на едно око.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нѐ јадат шенци во кланцањето и веќе џагориме прекутрупа, не знаеме да се почекаме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пијанство на мртво! Полегнаа луѓето на подот, сите се капнати од долгото кланцање во возот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Енѕаме ни се кланца водата, ни се тресат образите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)