клавијатура (ж.)
Два најниски акорда на темната клавијатура на облаците се судрија Два погледа под искрите нивни се зачудија Четири бели раце низ темнината на дождот вознемирен се побараа Се доближија се најдоа со болката со смеата со занесеноста стара...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Или: жените имаат иста клавијатура, само на секоја различно се свири.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Нека читателот, сепак, не се залажува од ведрината која се добива од читањето на ова дело: ако алегоријата, претставена од еден од најоригиналните и најзначајни писатели на современата литература во Македонија, мошне богата но често непозната на Запад, претставува според повеќе обележја силна лекција на надеж, ова дело сепак не постои само како трагичен сказ, како рефлексија преточена низ мали импресионистички допири како на клавијатура, но опстанува со својата голема длабочина наспроти опасната суета на идеологиите кои сакаат да направат еден нов човек, низ спасувачко посредство помеѓу непостојаноста на феномените, генерално, и, посебно на посебната нестабилност која владее на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Музиката за удиралки е современ премин од музиката пишувана под влијание на клавијатурите , на сезвучната музика на иднината.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Оваа идеја Кејџ му ја должи на својот учител Henry Cowel кој во своите дела прв ја користеше внатрешноста на клавирот како инструмент независен од клавијатурата која го иницира добивањето на новите звучни бои покрај веќе постоечките.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во нашиот гимназиски состав Врапче, нормално, свиреше клавијатури. Беше таканаречениот „киборд мен“. Јас чукав по лонци што ги нарекував „конги“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Некои од нив се на налани, па под нивните нозе се огласува секој час целата клавијатура на нерамната калдрма.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)