китнест (прид.)
Глас Далеч од баштина, далеч од роднини, Не в чужда за мене земја, В полјани китнести, зелени долини, Самичак в планина шетам ја.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
И еднаш најде зад прагот модро плико на кое со молив китнесто беше извезено неговото име.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој самиот вели: „Поставувајќи си за цел да се најдам во Англија, сметав дека ќе попаднам не во некое непознато продолжение на младоста, туку назад, во колоритното детство, на кое токму Англија, нејзиниот јазик, книги и предмети му придаваа китнест изглед и волшебност.”
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)