кинематографија (ж.)
Можеше да се забележат видни личности од кинематографијата, театарот и телевизијата во Париз, неколку славни писатели меѓу кои Морис Друон, постојан секретар на Француската академија, поетот Адонис и други...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Студиите можат да бидат генерални или жанровски, вклучувајќи ги и истражувањата на посебните проблеми во преведувањето на поезијата, драмските текстови или либрета и на усвоените проблеми во преведувањето кое се користи во кинематографијата, сеедно дали се работи за синхронизација или за титл.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Најпосле, да замислиме дека станува збор за третово раздобје во кое се занимавам со сликарство и кинематографија - на прв поглед со слики.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во англиската кинематографија, тој е единствен режисер за кого вреди сериозно да се зборува: тој е нивниот осамен придонес кон уметноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
По војната во Битола се доселија цели деведесет илјади главно селани, приближно колку што имаше во турско кога таму живееле неколку илјади турски офицери со своите семејства, до или во времто кога Милтон Манаки во Париз купи камера, се врати во Битола и стана првиот граѓанин на Македонија кој ја крена раката пред Неговото Величество султанот на Отоманската империја Рашид и му нареди: „Застанете Височество„“ Неговото височество му се потчини на битолскиот фотограф и така во историјата на уште долго непостоечката македонска кинематографија и на Балканот беше втемелен првиот документарен филм.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Покрај авторите и книгите што ги набројав погоре, безброј геј- мажи напишале учени, занимливи, дивни подробни студии за холивудската кинематографија, за бродвејскиот мјузикл, за великата опера, за класичната и за популарната музика, за стилот и за модата, за внатрешното уредување и за архитектурата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Осветлувањето, изразите на лицата, гласовните промени, музиката, аглите на кадрирањето и визуелната реторика на класичната кинематографија на холивудскиот филм ноар [црна серија] значително повеќе придонесуваат кон ефектот на филмот врз гледачот отколку самиот текст и редакцијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)