кербер (м.)
Беше дел од ритуалот кога испишаните ливчиња, на кои бдееше, како еден вид Кербер, непогрешливиот шифрант Петар Иваз, сенката на мојата дипломатска мисија, од која конечно вистински се ослободував, кога тој конечно ќе заминеше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зар сѐ уште имам снага да сакам, како кербер го чуваш моето срце, сѐ ми зема и тоа што ми го даде, едно лето и две зими.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Уморни очи, скржави солзи, рамнодушни погледи и ладни чувства, како стареат луѓето се навикнуваат на рамнодушноста, стануваат кербери, фанариоти, чувстваат константна неудобност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)