келија ж.

келија (ж.)

Ооооууууууу, ооууу, ооууу... А по сиот него, продирајќи и во најситната пора во неговото тело, натопувајќи ја секоја келија од него, пребликнуваjќи во секоја празнина од неговите болки, заплисна еден бран од некаква чудесна топлина, која што можеше да биде и болна но која прилегаше и на некакво наситено заплиснување со мед. Оооооооуууууууу...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука се наоѓа и затворот во кој постои келијата во која бил затворен Гаврило Принцип, заедно со другите атентатори од Сараево на австро-унгарскиот престолонаследник Фердинанд во 1914 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме затвораа потоа во една мала келија. Четири дена.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Израдуван отец Иларион што Рогле не избегал од келијата, го зеде за рака и му рече: - Ајде, чедо, со мене в црква...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По многуте епитимии, најпосле Смилјанка почна да заздравува и да оди на добар пат и отец Иларион ја ослободи од келијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од грев и жал кон болните затворени во манастирските келии, или во пијанство, некој од калуѓерите ги изотвори сите врати на келиите и ги пушти надвор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Влегувајте!“ Ја фати кваката и ѕирна во задниот дел од колата, во малата келија со решетки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Обесен за стапалата, додека скалпелот му минуваше преку грлото, а уште еден низ градите; неговиот труп в час беше испразнет од утробата и поставен на маса под улицата, во скриената келија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Собата беше празна како монашка келија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Влегува во лифтот: каква слеана келија! мисли тој со некаков вид шок што вознемирува и застанува пред таблата со нумерирани копчиња.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не може да се помири дека ртењето ќе трае девет месеци и дека треба да го роди токму во одајчето, во испосничката келија на Димостена.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Врти се роју умен, вртлогу ти кој си на небо, биди на земја вртилишта, улишта, восочни легла рам-меморија на приземје и кат давам за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет меден збор, афродизијак и медовината капната од небо ти ја давам на серафим налик и на мираз од нечија блага душа и изблик на вечноста ти нудам „гола како кокошкин врат“ за да се собереш, сакана да дојдеш на врв врба во моето гнездо озарено со етер со екстракт од масло со медоносно билје ти нудам енигматични игри крстословки, ребуси пополнување на празнините и сотките осмислување на келиите - безбројните восочни клетки ко минијатурни смрчки
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
4.4 Не, јас не плачам во мојата келија, Јас самувам во жарот од семето, Во одроните од време, Во острите засеци на светлината, Во Јас-твото Што ме именува со Смрт.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Лежев на твоите гради, го слушав чукањето на твоето срце и чувствував дека јас сум таму длабоко под кортексот во коморите и келиите на љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најлошите карактерни особини, егоизам, нарцисоизам, љубомора, завист, огорченост спрема другите, тие се како црви кои ја поткопуваат нашата душа, најтемни демони кои ќе ја уништат секоја келија во нашиот систем во кој останало уште малку добрина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)