квечерум прил.

квечерум (прил.)

БАБА АНЧА: Тој самиот ми рече, дека квечерум, штом се заноќи ќе дојде кај мене.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Двапати на ден над Прењес се наднесува облак на битисување. На развиделина и квечерум. Двапати поминува колона камиони.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Катаден на развиделина и квечерум од бараките и коњушниците се истура црневица и, разнемоштена, разофкана, разорлавена и разнебитена, трча накај џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така катаден, двапати, турмата од жени и старци квечерум трча зад камионите сѐ до фурните, до првата стражарница, до првиот бункер зад кој продолжува патот накај Елбасан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само си имаше обичај, кон квечерум, на чардакот, кога сонцето ќе исчезнеше зад тврдината, да си пивне капка-две, со одбрани пријатели и со малку мезе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Двапати на ден над Прењес се наднесува облак на битисување. На развиделина и квечерум.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите ги бараат своите најблиски: во тие стари чешки и италијански камиони што не сакаат да подзастанат сите трчаат крај камионите, се туркаат, се удираат, а оние кои паѓаат, остануваат да лежат поснопица, изгазени од навалицата... така ката ден, двапати, турмата од жени и старци квечерум трча зад камионите сѐ до фурните, до првата стражарница, до првиот бункер зад кој продолжува патот накај Елбасан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Трипати на ден го менува мирисот: наутро, сѐ додека пука зората и додека врз јасносините и белузнави листенца во капки истрајува росата; на пладне, кога вршник е жегата и квечерум, пред заодот на сонцето - до првиот мрак и првата вечерна роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)