качи несв.
качи св.
каца ж.

качи (несв.)

И кога се качивме на камениот мост, кај Газаната, гледам веќе некој се качуваат на другиот каменен мост и му велам на Анѓелета: Стигнавме, тие кај Плачиврби додека се наплачат и разделат ние сме кај нив.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Немав време да се вратам по таков начин како што се качив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Есента веќе се јави на прагот. Буката во Лигураса за една ноќ ја мени бојата од зелена на жолта, градините одамна се „испуштија" и мажите ги качија прачките (бобовици) по врбите да презимуваат, за напролет пак да ги накачат граовите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога се качија на чардакот - сите се пособраа и им направија најнасреде место во големата приемна одаја...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од Батум го качија на измршавена камила.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја качивме со мака на магарето. Патот надолу е нерамен и дупчест, па магарето како клацкалица ниша со главата и се тетерави под тежината на претешкиот товар.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ќе дојдат... шипинки! - радосно извика Трајче. Тенковите не можат да се качат тука в планина.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Потоа се качив на Дорчо и летнав да бегам по друмот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Гледаме: Коле се искачил на некакво дрво и нѐ вика.Се качивме зазбивани и испотени.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нешто морав да сторам. Нацртав голем ној и се качив на неговиот грб.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Го качија на коњ и го однесоа в град кај казанџиите; тие со триста маки, со разни ножици и глета, му го извадија котлето и му ја ослободија главата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Им даде знак на војниците и тие се качија на покривот, ги расфрлаа ќерамидите, ја откорнаа чатијата и почнаа да го рушат ѕидот кон патот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Утредента ме качија на коњ и ме однесоа в град, на лекар.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
XXVII Еднаш Богуле, кога мајка му беше излезена во полето на работа, ја донесе Злата дома и ја качи на таванот на ѝ покаже што сѐ има на него и каде почесто го проведува времето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ме слегоа на една пуста пруга. Штом прва слегувам, си велам, значи последна сум се качила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се зачудил ама и се израдувал Итар Пејо што сите магариња му се на број и пак се качил на едното магаре и пак ги изброил.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се израдувал Итар Пејо, му заблагодарил на човекот за добрината, се качил пак на едното од нив и си свиркал од радост и ги терал магарињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Значи осум ми даваш“, рекол Итар Пејо, се качил на едното магаре и ги потерал магарињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе