касаба ж.

касаба (ж.)

Ставрос е стара касаба, со сите нејзини атрибути. Но, и со сите елементи на рибарски град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со оваа нова градба, како и со блискиот Дом на Армијата, изграден на местото на една џамија во форма на бурма и позната како Бурмали–џамија, спроти зданието на големата банка, со зданието на големата железничка станица, една од најубавите на Балканот во речиси ориенталната касаба, се наѕираше моќта на новата држава.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Продавам евтин чалам по турските касаби. (Пауза) Имавме дете со Елена. Кретен.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Константин З , кој го презира и Скопје и Битола, и сите градови на новите предели, за оваа касаба, лесна за техничка обработка, има поеднакво и неподелено мислење, па го гледа командантот со празен поглед, технички заблагодарувајќи му се на предварителната покана што брзо ја запрета и ја отфрли меѓу неважните податоци во свеста. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нејсе. Ние, три - четири жени, пак го викнавме старчето и со молитви го замоливме пак да оди во тоа албанско село Шкумбин и да се распраша дали е далеку таа пуста касаба Дуреси и како да се оди таму.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Касабите и паланките, забележа Камилски, најчесто, речиси редовно, се поделени на маала.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)