капиталист (м.)
Шефот на сите капиталисти бил нарекуван Крал, а...“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Секогаш се претпоствуваше дека е неминовно, по експропријацијата на капиталистите, да настапи социјализам: и капиталистите беа безпоговорно експропирани.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неговите подвизи постепено беа поместувани назад во времето, сѐ додека не допреа до чудесните четириесетти и триесетти години, во кои капиталистите, со нивните необични цилиндрични шапки сѐ уште се возеа низ улиците на Лондон во големи блескави автомобили или во коњски запреги со стаклени врати.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Колку била голема печалбата што странските капиталисти ја имале од трговијата со Турција покажува редовниот пасивен биланс на турската држава.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Другиот ден мајката замеси леб од брашното што го зеде со купони кога бакалницата на капиталистот што живееше до црквата се национализира за да се нахрани гладната работничка класа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Денес тие дебели капиталисти не се стеснуваат да тврдат дека било насилство и грев претресувањето на нивните визби и килери, а додека се богатеа…“ се перчеше тој.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Значи, сега работодавачот може непречено и легално да отпушта вработени како технолошки вишок, и веќе следниот ден на нивно место да вработи други лица, што – најблаго речено – е неправичен и нехуман гест исклучиво во корист на новите капиталисти и неспособните богати „менаџери“, кои од комунистички директори станаа транзициски олигарси!? в) според ЗРО (1993), утврдувањето на бројот и структурата на работниците што се прогласуваат за технолошки вишок требаше да се изврши запазувајќи одредени критериуми – како, на пример: ефикасното функционирање на работата на работодавецот, стручната подготовка и квалификација на работникот, неговото работно искуство, успешноста при работењето, видот и значењето на работното место, работниот стаж, возраста и други критериуми утврдени во колективен договор (чл. 129 од ЗРО).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Проклетници е збирка за капиталисти садисти и алчни комунисти препорачлив за лажни моралисти па се до манекенки на писти
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Капиталистот те сотре знај со мотото „рмбај и цицај до крај“ „од сиромав земај на богат му дај“ на конто во странство девизи тој стај
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Само слушаш борба, партија, водач, империјализам, монархо-фашизам, капиталисти, револуција, агенти народни непријатели...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)