казнив прид.

казнив (прид.)

Но, во војна сѐ е казниво, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Непромислена работа. А знаеме дека тоа е казниво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Докторите продолжија и понатаму да ги препишуваат слободно, со нив лекувајќи - од разни депресии до диети за добивање во тежина, со што само ја зголемија нивната рекреативна употреба, посебно на амфетамините Дринамил (пурпурни срца или сини), Декседрин (дексијс), и Дурофет (црни бомбардери) кои ги преплавија улиците и црниот пазар. 1964.година, после вревата што ја кренаа медиумите, илегалното поседување на амфетамините стана казниво со закон.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Чистота прочистена со лесна порнографија, наивност што ги збунува и најискусните и невиност што ве силува и ве поттикнува да сторите нешто што е казниво со закон.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Исто така, во групата на казниви дела против службената должност – постои и делото „Измама во службата“, според кое службено [или одговорно] лице кое, во вршење на службата, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист со поднесување лажни сметки или на друг начин ќе доведе во заблуда овластено лице да изврши незаконита исплата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години (чл. 355, ст.1 од КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И конечно, во казнивите дела против правниот сообраќај постои и делото „Фалсификување исправа“ според кое тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Обидот е казнив (чл. 378, ст.1-2 од КЗ). 271
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај казнивите дела против правосудството постои и делото „Поднесување лажни докази“ според кое тој што во постапка пред суд или во управна постапка ќе поднесе докази за кои знае дека се лажни, ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не е предлог на кумот комшиски, тоа е злосторство против народот и казниво дело...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)