казанова (м.)
Да се важеше, претпоставувам дека сите ние би биле Казанови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Понекогаш тие игри изгледаа како лежерно потсмевање: кога некој кој веруваше дека е Казанова, го прашуваше за неговите љубовни авантури, или некој кој тврдеше дека е Наполеон, го прашуваше за неговите воени походи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција ѓоа на мостот на воздишките ќе ја сретнев калуѓерката од под чиј фустан Џакомо Казанова избега под друг фустан, оти за него бегството на слобода немаше никаква смисла без бревтање во зоната под фустаните.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Знаев дека зад себе држи два пропаднати брака и врски со многу, многу жени. Македонскиот Казанова.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)