кадровик (м.)
Тој веќе неколку години живее со една млада жена, нов кадровик на Партијата, и јас го разбирам тоа: откако се роди Здењичка, јас воопшто не личам на онаа Луција што тој ја одведе пред олтар.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кадровикот, значи, предложи Баге да ѝ биде доделен на забавно - хумористичната редакција, која си имаше своја програма и свој термин во шемата на таа програма, но немаше постојан уредник туку редакцијата ја водеше моментно суспендираниот уредник од друга редакција, и така наизменично како што имаше постојано по некој уредник под суспензија, и така постојано додека имаше на располагање наизменично суспендирани уредници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во неа, зад голо биро, седеше навистина кадровик, ама женско со кратка коса и во војничка облека, и чуреше со цигара како вистинско машко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Соседот го внесе во радиостаницата, го поведе низ ходниците, го доведе до една врата на која пишуваше „кадровик” и го турна низ неа во зачадената просторија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Божем жена му лично дошла кај секретарката во кадрово и си го кренала здолништето за да ја запознае лично секретарката Соња со кадровските умеења на нашиот кадровик Кире!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)