кабадаија (м.)
Божем да се бранел од комунистите, а всушност го направија кодош, па тој и тогаш се однесуваше кабадаиски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И така народот е притеснет во стапицата на својата „судбинска линија” што му ја смислија изветреани глави и политички кабадахии.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- А каква си ми ти власт и авторитет кога ќерка ти и на училиште и на улица е најголем кабадахија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Момчето и понатаму кабадахиски лежеше на креветот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)