истури (св.)
Утробата сал му ја истурил... Потоа Рушит, сиот во позлата бојна, од чија што песна и свирба трепереа уши: опитен човек во војна.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Брго-брго се испрепелал над истурената вода Силјан, арно ама немаше да се натопи барем ич и си остана пак штрк.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
ТЕОДОС: И вино... (Пивнува малку и го истура скришно остатокот на раката што му ја бацуваат Циганите, па ја брише скришно.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Пушките грмат, песна се ори, истурил народ чемер и бес!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Старецот ја наполни чашката, ја истури некако рамно в грло и со дланка си ги избриша мустаќите.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Доста се позадржа со децата. Ја крена тавата, ги смете и нивните ронки, и кога Илко ги истури дрвата под огништето, му рече: — Ајде сега да одиш да го ватиш црниот петел шо сака сестрица Митра да го коле.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Линијата се редеше по петте собрани прсти на разни прекршители на дисциплината, а при големите „престапленија“ се применуваше и драконскага „валага“ та дури и граовите зрна истурени на земја (бидејќи собата немаше душеме) на кои за казна клечеа на колена „престапниците“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ами снага? — Исправена како пушка, гради истурени напред, стегната половина, долги нозе, обли раце, чисти нокти, измиена, исчистана, како за пред човека, што би рекле мариовци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Почна да ги врли очите уште повеќе и одеднаш како што го држеше шишето дополу со вода, го преврте и го истури.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Знаеш колку е лош. Сакаш ли на мене да го истури бесот заради тебе?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- И како да истури од вреќа песок, се засмеа шушкаво, скоро безгласно.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се враќаа сакати, алипни и сиот бес за маките што ги тргаа во редовите на царската војска, ги истураа на рајата што ја беа притиснале при завладувањето на нивните чифлизи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сите се собраа околу него, но место одговор продолжија да плачат. – Да не сте писнале зашто со клоци ќе ви ги истурам цревата – викна силно момчето околу кое се собраа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И си одам уште вечерва, си одам уште веднаш само да побегнам колку што се може побрзо и подалеку... - се истурија како порој зборовите на една незадоволна младост, расната сред кипнатиот живот на големиот град.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Каква радост ќе биде кога ќе ги истури во скутот на Вита, жена му, сребрените динари...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го удри по лице светлата жица од прозорецот, од неа сега струеше жештина, а викотниците како да излегуваа од неа и се истураа во собата врели и мачни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Сула го сака Емина. Ме прати таа. Ти му ја истури крвта на калдрма.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Прими го богатството мое и споменувај ме во своите молитви, - театрално, со остра нотка на иронија, рече Глигор и ги истури џебовите во плашливо подадените раце.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А кога ветрот ја однесе со себе и долгата зимна ноќ и кога на нејзиното место ја истури виделината на тој немирен пребликнат ден, занесувајќи ги по својата насока тешките капки на капаците во неговата стреа, Змејко веќе немаше што да чека.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)