истрае (св.)
И сепак, ајде, к’истраеш во век, ќе бидеш пазач на ден и ноќ, стра и трепет ќе сееш со ред, заклучен вулкан со грозна моќ. ***
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
А кој ли жив ќе истрае така да скрие дните во гробен сон, сред тешко ропство и глад и мака да лежи кротко на ладен трон.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Не можеше да истрае тој на желбата да го изрази своето сочувство.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Гоце не истраја. Ги наполни џебовите со камења и им нареди на децата од Варош-маало: - Камењата в раце!!!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
9. А затемнувањето не беше вечно и вечно не истраја ништо освен утрото и ноќта и Месечината што гинеше сама и сама од себе што се пресоздаваше.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Само десетина минути по првиот Бојанов истрел, што значеше негова победа над стравот, што значеше и надеж дека ќе истрае и ќе ги победи сите тешкотии што му ги наметнуваше осаменоста и белата опсада, од зад Гола Глава одекна грмеж.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ниски исушени џбунки високи голи гранки и меѓу нив ситното лисје на зелениката како детски прсти очи на пролетта што истрајува на горскиот студ.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ех, ех! Истрајте, другари, им вели другарот Марко, вашите имиња со златни букви ќе бидат испишани во историјата, да живее слободата, да живее револуцијата!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Овие козји суштества, со чија свест како да беше слеан, му покажуваат дека не знаат за безнадежност. Од нив црпеше сили да истрае...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Загрижено нѐ погали по косите, лицето му се отвори во насмевката со која нѐ храбреше кога требаше да истраеме во надежта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Така искапен, повторно се сети на песната, за тркалата и судбината и милоста божја, на патот таму горе сред небото, каде една ѕвезда меѓу милион други, неподвижни ѕвезди се осмелуваше да се движи и да истрае во движењето. Потоа престана со косењето на тревата. 28
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога светот на нашите патријархалци дотраја и ги премина сите мерки во истрајувањето на својот закостен и мртов животен конструкт, тие не пронајдоа сила за мирен премин од својот патријархален во новиот (кибернетички) век.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Бидете сигурни дека ќе истраеме на нашиот пат! - Ќе истраеме! – прифатија со аплауз водичите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Морав да сведочам по секоја цена, да го допрам сопственото дно, минувањето низ синдромот на албанското самоуништување низ елиминирањето на троверјето како обележје низ милениумите на заедничкото истрајување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но истрајал, и во петтиот обид сето тоа почнало да добива смисла.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Имаше во мојата свест напластени наивни изговори во прилог на улогата да се патува во Албанија, наивни занеси дека таму, во родната земја, каде што Сталин уште владее, не можеле преку ноќ да ја убијат илјадалетната беса, големото гостопримство, постојано отворената врата за туѓинецот и безусловното жртвување и многу други вредности со луѓето макар што во вечна изолација и одбрана се одржуваа, истрајуваа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татко како да добиваше храброст да истрае во својот живот во егзил кога го слушаше Игора Лозински како му зборува за неговиот пат до Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Истрајуваше како последен столб на семејството.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)