истошти (св.)
Тоа било ставена тука за да залаже, за да ја истошти фатената ѕверка, а понекогаш и да се истркала над неа и да ја смачка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А и претпладневниот напор го истошти.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тие дни му даваа само леб и вода, но Толета повеќе го истошти бессоницата, оти немаше каде да се испружи да преспие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сето тоа ме истоштуваше сѐ повеќе и чувствував дека не можам веќе да стојам на нозете.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
„Проклети затвори; ве истоштил, ви ја убил веселоста, желбата за разговор...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Зашто она што ја истоштува душата на создавачот ја пренебрегнува душата на читателот ако притоа не го создаде сопственото исцедување во миговите на контактите со овие песни.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Изминатите месеци не работеше ништо; две години беше вработен во еден институт за патологија, што значи дека околу две илјади трупови минале низ неговите несвесни раце; на некој необичен и необјаснив начин тоа го беше истоштило.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ги истоштуваа со тортура и со самување сѐ додека не станеа бедни, лелекаво-човечки руини, кои признаваа сѐ што ќе им се ставеше в уста, се нагрдуваа самите себе, се обвинуваа и се криеја еден зад друг, цимолејќи за милост.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не се сеќаваше на самиот воздушен напад, но се сеќаваше на раката на татко му која ја стискаше неговата, додека брзаа надолу, надолу, надолу во некакво место длабоко во земјата, околу наоколу едни спирални скали кои одѕвонуваа под нивните нозе и кои најпосле толку многу го истоштија, што почна да кенка и тие застанаа да одморат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не знаеше што точно се случува во внатрешноста на Министерството на љубовта, но можеше да претпостави: мачења, дроги, чувствителни апарати што ги регистрираат нервозните реакции, постепено истоштување со неспиење, со осаменост и со упорно сослушување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Ете зошто, како што му кажав и на Гоце - рекол Мечето - ти изјавувам и тебе: ние сме решени по секоја цена да го спроведеме во дело нашиот план и нека од него и од други слични што би можеле да се извршат по градовите и пругите низ Македонија турската власт се држи постојано во напрегнатост, нека постепено се истоштува материјално и морално, од што ќе може да се види во која мера големите сили ќе бидат готови да ја преземат иницијативата за една интервенција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Со восок ги залепив
со смола ги запечатив
ги прелив со лепак
ги врзав со јаже
сите љубовни фантазии
сите желанија
од премолчување истоштени.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ме тресеше некоја чудна треска, во исто време и ме истоштуваше да не можам да останам будна, и ме протресуваше да не можам да заспијам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А беше вака. Неколку часови пред нападот, на военото советување рекол генералот дека борците и боркинките по многу долгиот марш во многу лоши зимски услови се сосема истоштени и дека добро би било прво да им се дади малку време да одморат, да добијат топла храна, да ги исушат водените униформи и малку да поспијат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)