истоименик м.

истоименик (м.)

На неколкупати, во текот на тие денови од престојот во Брезница, авторот доаѓаше на сретсело „на чека“, како што би се изразиле ловџиите, заради блиска средба со својот истоименик Едо Бранов селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Погледна в десно кон каде што го здогледа ѕвончето, го притисна и го врати погледот врз фотографијата на истоименикот Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Би му пречело да се префрли на некоја друга тема, како оваа со истоименикот, која може идеите што ги има неповратно да му ги закопа назад од таму од каде што му никнале.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)