истепа (св.)
Во тоа место беше се направил еден бој и многу луѓе имало истепани и изоставени по планината, та поради мршите беа се собрале орли да јадат од мршите.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
За да се ослободат Бугарите во Горна Бугарија, што се одделува од Долна со Балканите, 146 доста е да се истепаат византиските гарнизони во неа и да се фатат од нив дервените за да не пропуштаат нова византиска војска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сите риби ни ги истепавте, а? ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Местото им помага, луѓето се итри, храбри, па дури и дрски, та ништо не можевме да направиме – почна да се правда Суљо, земајќи ја чалмата од душемето. – Е, како не можевте? – праша разбеснет кадијата. – Сите ве истепаа, што ли?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не му се чекаше да потпораснат за да ги продаде некаде по пазариштата за робови, а да ги истепа или исколе сепак имаше душа во него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Како да плаче мајка, толку болно, а оној се истепал трчајќи низ таа мокра шума.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
— Нѐ истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Си ја претстави првата вечер со тоа наметнато девојче, како го истепа и си рече дека не го сајдисува и како нема да го доводи до крај, но на силата од Адемага не можеше да не го земе и да не се венча со него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Доста е, вели, смилувај се, многу е темница. Целата сум модрици по нозеве, вели, се истепав во темницана.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- И дека таму беше истепано многу народ и шумата почна да оди.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не можејќи да откријат кој ги организира луѓето да не даваат продукти за војската, да не ги извршуваат нејзините заповеди, командантите ги претепуваа или ги истепуваа повидните мажи, ги палеа куќите и копите, ги грабеа добитокот и живината.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Наутро ќе те истепам, да знаеш.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Понатаму: Постојано сакав да ме истепате зашто бев сигурна дека никогаш не би можеле да го сакате мојот задник, но ако го истрескавте, тоа ќе значеше дека барем на некој начин сте го прифатиле.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Можеби услугата им е за никаде но многумина немаат муда да те истепаат кога тоа ќе им се посака.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Татко ми нервозен се заканувал, кога ќе дојде брат ми, дека ќе го истепа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Прашајте нѐ што маки измачивме, што пат истепавме?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Прашај кој ги истепа во 23-та година 18-те души. Секој ќе ти каже!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)