исприкаже св.

исприкаже (св.)

Им го исприкажа својот живот и сите приклученија што ги преживеа за поминатите шеснаесет години и не заборави на крајот да ја раскаже измислената лагарија: — Ете, пак!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тода отиде кај Бисера и накратко ѝ исприкажа што направи со китката што ја зеде од котлето: Како на Тода, така и на Бисера им се направи волјата дека Нешка ја зеде китката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Анѓа ѝ исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле ѝ ја откри младата душа до нејзината длабочина и ѝ кажа дека има прво либе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сето тоа му го исприкажаа на нивни каурски јазик, а везирот го разбра без никаков преведувач, та дури и самиот зборуваше по каурски, Арслан ги потврдуваше зборовите за негово пленување и ја гледаше сестра си Анѓа, која ги милуваше со своите црни очи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И кога овој надолго и нашироко им ја исприкажа случката, двајцата родители почнаа да си ги корнат косите и да тажат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Си го зедоа Ферада Турците, го однесоа во Битола и му ја исприкажаа приказната дека тој арамија, Толета, не го фаќа куршум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во прво време не сакаа да кажат, ама кога докторот им рече дека нема да ги лекува ако не му кажат, Салија му ја исприкажа вистината, а докторчето се насмеа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)