испраќач (м.)
Контакт-адресата речиси е обврзувачки дел од мејл-арт работата, но постои и тнр. „еднонасочен“ мејл-арт кој често се одвива на начин и испраќачот и примателот на пораката да не се познаваат, или примателот да не го познава испраќачот; едноставно повеќе-помалку случајно некому му се испраќа некаква мејл-арт порака, и толку, не се бара фидбек; постојат и специјални случаи, тнр. „енигми” или „истраги” кога во мејл-арт пораката (или во низа пораки) се разоткрива некаква мистерија или шифра која понекогаш значи, на пример, само откривање на контакт-адресата, но понекогаш богами шифрите носат прилично дубиозни уметнички пораки (постои еден генијален „поштенски“ роман на мистериозниот американски писател Томас Пинчон, „Објава на бројот 49“; самиот роман можеби и (не!?) може да се смета за мејл-арт, но во секој случај тој е инспирација за многу мејл-уметници).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Стопосто самиот тој ми го испратил ракописоп. Сега сум сигурна дека е токму тој, иако веднаш видов дека испраќачот е некој измислен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го крена тешкиот плик со надеж да види кој е испраќачот и, евентуално, пакетот да го фрли во кошницата за отпадоци неотворен. Како што често правеше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го зачуди фактот што на пликот нема име на испраќачот... Го распара пликот и остана вчудовиден!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Немаме дури ни храброст да ги прашаме испраќачите на ваквите пораки дали навистина сакале нешто да ни речат?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еве, јас сум жив доказ за тоа: по многу упорни обиди и залагања, вчера конечно добив охрабрувачки и-меил од една продуцентска куќа (заради професионална дискреција ќе го премолчам името на испраќачот, па во понатамошниот текст ќе ги нарекувам Џиги Миги Ентертејнмент).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Го преврте белиот плик, го прочита името на испраќачот и виде дека е од женско. Тоа му ја побуди радозналоста.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Писмо од Белград. Кој ли ѝ го испраќа? - името и новата адреса на Рада беа отчукани на машина, без адреса на испраќач на позадината.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)