испорака (ж.)
Случајно се сетив, се надоврзав услужно, дека еден мој добар школски другар работи како шеф на испорака на нови автомобили, и можеби ќе помогне...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тоа е еднакво на испорака на другиот кој станал совршено непотребен во програмираното управување со животот, бидејќи оди во прилог на автархијата на поединечната клетка.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
КЛАУС: (Гледа што пишувал Стево.) Испораката е гледам пред крај. Одлично. Исфрлете ги овие три ставки.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)