исплива (св.)
Тие причини им се познати само на неколцина, тукуречи самозванци или случајно испливани на површината Македонци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Полното отцепување на Македонија од балканските државички во етнографски однос ќе исплива најаве со успокојувањето на Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Можам ли да ви помогнам, господин докторе?“ чу и пак исплива на светлост.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Му исплива во паметта фабриката во која работеше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Арсо исплива од понорот на тешка и глува тишина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од мракот исплива Патрокле, сомничаво се шуткаше меѓу оние што лежеа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сега многу добро можам да го сфатам оној младич, што не можел да стори ништо друго, освен да си го врзе чкрапецот од својата пушка за палецот од ногата и да повлече, сигурно бил во многу борби, тој младич, а сигурно многу сонувал за животот, сигурно многу повеќе од мене, кога можел да постапи така, но сите тие борби, од кои што испливал жив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набргу детето ќе испливаше на брегот, слепено со грбот на својот коњ, па, не обѕирајќи се на извиците на престрашените мајки и нивните возбудени и восхитени деца, ќе одгалопираше угоре, преку маслиновата гора.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Утрината, кога сонцето исплива од источната страна на морето, сите морнари беа на палубата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Се спушта во малечка заветрина, Јасики, и искачувајќи се по јужните падини на Зајачки Рид испливува горе на ридот и по него се протегнува сѐ до Алилово, односно сѐ до крајот на источниот лак на Потковицата, односно сѐ до конечниот крај на целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Требаше, требаше, велам, вистината мора да исплива.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го следеле животот околу себе со возбуда испливана од под мразот на зимската притаеност: и најстарите дрвја се подмладуваат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Аргументите што ги изложив неодамна против идеите на Бојс (1) и од коишто денес многу малку би одзела, сами од себе се распаѓаат во мигот кога тие идеи се потиснати во втор план (како да се работи за грешки од младоста?) и кога во прв план испливува грижата за јасноста на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ненадејно, како потопена урнатина што ќе исплива на површината на водата, една мисла му се проби во свеста: „Но тоа не се случува навистина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И за сето време, за да не се посомнева некој случајно во стварноста на која се однесуваа опширните Голдштајнови празни фрази, зад неговата глава на телекранот маршираа бескрајни колони на Евразиската армија - колона по колона цврсти мажи со безизразни азијатски лица, кои испливуваа на површината од екранот и исчезнуваа, за да бидат заменети од други, сосем слични.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Постоеше самиот сон и постоеше едно сеќавање поврзано со сонот, што исплива во неговиот мозок во неколкуте секунди по будењето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Верува дека нема да го пропушти, во тоа неговиот творечки дух насетува прикаска, но тој е автор кој, прво, пишува за свое задоволство и, второ, сака да си постави мамка на која ќе се фати за да може добро да влезе во играта и успешно да исплива од неа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но иако строго наменска и поттикната од желбата да се потисне траурното во нас, таа лошо смислена приказна исплива од ноќната река на спомените додека бдеев на прозорецот многу месеци потоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Никогаш не знаеше како овој пат ќе го каже она што ќе му исплива од некоја длабочина во душата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)